19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Ремонтот оди во корист за Москва, цените на гасот скокаат“

„Ремонтот оди во корист за Москва, цените на гасот скокаат“

„Сегашниот прекин на испораките на гас од Русија преку Северен тек 1, поради ремонт на гасоводот е во корист на Москва, бидејќи доведе до натамошен скок на цената на гасот.

Ова го посочува директорот на австриското енергетско регулаторно тело „Е Контрол“ Волфганг Урбанчиќ.

Доколку и по ремонтот целосно беа прекинати испораките на Северен тек 1, Европа ќе мораше итно да реагира.

Урбанчиќ за ORF објасни дека има залиха за лето, но дека е незгодно да се најдат алтернативни извори што е можно поскоро пред студената сезона.

Тој посочи дека мора да се тргне од фактот дека во наредниот период испораките на гас сигурно ќе бидат помали, а тоа е актуелно за полнење на складиштата за гас.

„Без руски гас нема да биде можно да се исполни 80 отсто од капацитетот за складирање што го бара ЕУ. Во моментов магацините се полни само 48 отсто“, појасни тој.

Урбанчич нагласи дека, во случај на целосно прекинување на испораките, мора да се разјасни како може да се пристапи до постоечките количини во резервите, бидејќи со магацините стопанисуваат и приватни фирми.

Тој рече и дека Австрија има стратешка предност бидејќи во земјата има толку многу складишта за гас.

Кога станува збор за цената на гасот, Урбанчич очекува натамошни поскапувања, а за домаќинствата поскапувањето ќе биде забележливо на крајот на оваа или почетокот на следната година.

Тој рече дека не може да се предвиди со која брзина ќе поскапе гасот.

За да биде цената на гасот на прифатливо ниво за потрошувачите, вели тој, потребно е европско решение.

Тој вели и дека каква и да е мерка, потребно е да се намали потрошувачката.

Урбанчиќ е скептичен и за субвенционираните цени.

„Доколку Австрија воведе субвенционирани цени на струјата кои ќе влијаат на големопродажните цени, тоа ќе има последици за даночните обврзници кои би платиле за тоа, а корист би имале само странските корисници“, објасни првиот човек на „Е-Контрол“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП