22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМедведев: „ЕУ си пукаше во глава со пиштолот за санкции, сега жнее...

Медведев: „ЕУ си пукаше во глава со пиштолот за санкции, сега жнее горчливи плодови“

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека прогнозите за системска криза во еврозоната почнуваат да се остваруваат.

Ова го изјави додека зборуваше за курсот меѓу доларот и еврото.

„Првпат по 20 години, курсот на еврото и доларот е еднаков. Прогнозите за почеток на системска криза во еврозоната почнуваат да се остваруваат“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм, пренесува Спутник.

Медведев изјави дека Европската унија „од почетокот си пукаше во глава со санкционен пиштол“, а сега „ги жнее горчливите плодови од падот на производството, критичната инфлација, губењето на конкурентноста на своите стоки и чекањето зима во ледените станови без руски гас“.

Според него, европската валута, која поевтини во споредба со американската, стана одличен показател за тоа кој ќе плати за кризата во Украина.

„Вашингтон и Лондон ги измамија Европејците. Познато е дека војната е продолжување на политиката со други средства. Кога се впуштаат во економска борба, тие требало да ги земат предвид сопствената валута и економските проблеми, а не само да воведат лоши ограничувања, напиша Медведев.

Тој додаде дека Белата куќа ја знае таа формула многу подобро од „бриселските кучиња на војната“.

„Корисните европски идиоти страдаа многу повеќе на милост и немилост на Американците, но тие воопшто не треба да се сожалуваат, бидејќи токму русофобите од Европската унија ја поттикнаа хибридната војна против Русија и отворија широк економски фронт против нас“, нагласи Медведев.

Резервната валута БРИКС како можно решение

Според него, најдобра заштита од „застоеното евро“ е преминот кон нови начини на плаќање, вклучително и употребата на национални валути, со можност за создавање нова резервна валута на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка).

„Најдобрата заштита од ограниченото евро ќе биде транзицијата кон нови начини на плаќање во трговијата со нашите сигурни партнери, вклучувајќи ја и употребата на националните валути – руски рубљи, кинески јуани, индиски рупии и други. Во иднина е можно создавање на нова резервна валута на земјите од БРИКС. На современиот свет очигледно му е преку глава од долари, евра и фунти, напиша Медведев.

Тој додаде дека платежната способнос на Европа не ја плаши Русија.

„Треба да се справиме со прилагодувањето на нашата економија на новите, многу сложени услови. За да ги решиме проблемите во индустријата, вклучително и обезбедувањето технолошки суверенитет. Има многу работа што треба да се заврши“, рече Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП