26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраина им зададе тежок удар на Русите со американско оружје

Украина им зададе тежок удар на Русите со американско оружје

Украинската армија објави дека уништила руско складиште за муниција во градот Нова Каховка на југот на земјата, а официјални лица велат дека користела ракетни системи обезбедени од САД во нападот. Официјални претставници на руските окупаторски власти, тврдат дека биле погодени куќи и магацини, при што загинале пет лица, а околу 80 лица се повредени. Не беше можно да се провери степенот на штетата или бројот на жртвите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од неколку силни експлозии, но не е потврдено дека се работи за видео од овој конкретен напад. Михајло Подољак, помошник на украинскиот претседател, изјави дека нападот го извршил американскиот повеќецевен ракетен фрлач HIMARS и оцени дека „втората армија“ на светот „се соочила со реалноста“.

HIMARS е далеку попрецизен од руските системи

ХИМАРС е многу попрецизен од сличните руски системи и веќе е заслужен за голем број неодамнешни напади длабоко во областите под контрола на Русија. Русите зазедоа големи области од јужниот регион Керсон во првите недели од инвазијата, но украинските сили започнаа контраофанзива бидејќи Русија се фокусираше на воениот притисок во источна Украина.

Киев ги повика жителите да ја напуштат областа за да избегнат контранапад. Владимир Леонтиев, кој беше назначен за шеф на регионот Керсон, за руската новинска агенција ТАСС изјави дека десетици жители останале без покрив над главата, а градот е тешко оштетен.

Друг функционер поддржан од Русија, Кирил Стремусов, рече дека седум лица се уште се водат како исчезнати. Деталите за тоа кој загинал во експлозиите се нејасни, но украинските воени претставници соопштија дека повеќе од 50 руски војници биле убиени и уништена воена опрема.

Портпаролот на Одеса, Серхи Брачук, изјави дека Нова Каховка сега нема складиште за муниција. Иако руските тврдења за оштетување на цивилни згради не може да се потврдат, двете страни се чини дека се согласуваат дека фрлачот ХИМАРС одиграл улога во нападот.

Првите високомобилни ракетни системи М142 (ХИМАРС) пристигнаа во Украина кон крајот на јуни и веднаш беа поврзани со експлозии во руски складишта за муниција и командни центри на оддалеченост од 70 километри од линијата на фронтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП