28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEкономската состојба на претпријатијата во декември поповолна во однос на ноември

Eкономската состојба на претпријатијата во декември поповолна во однос на ноември

proizvodstvo_ayrlayda_0

Раководителите на претпријатијата во декември 2012 ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на декември 2011 година.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во декември 2012 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се исти како и во претходниот месец. Во декември 2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готови производи во декември 2012 година се зголемени во споредба со претходниот месец.  Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2012 година изнесува 59,7 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во декември 2012 година имаат недоволната странска побарувачка со 21,6 отсто, недоволната домашна побарувачка со 16 отсто, финансиските проблеми со 14,6 отсто и неизвесното економско опкружување со 9,5 отсто.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП