18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраина се подготвува за нов руски напад

Украина се подготвува за нов руски напад

Украина очекува нов напад на руските копнени сили, по гранатирањата низ целата земја во кои загинаа повеќе од 30 луѓе, додека западните сојузници на Киев се подготвуваат за влошена глобална енергетска криза доколку Русија го прекине снабдувањето со нафта и гас.

Генералштабот на Украина објави дека гранатирањето низ целата земја е подготовка за интензивирање на конфликтот додека Русија се обидува да го освои Доњецк и да го контролира целиот индустриски центар на Донбас.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила 34 воздушни напади од саботата, од кои еден погодил петкатница, при што загинале 31 лице, а десетици луѓе биле заробени во урнатините.

Москва негира дека цели на цивили, но многу украински градови и села се во урнатини.

Русија објави дека не е познат бројот на жртвите од украинскиот напад врз градот Нова Каховка во областа Керсон, кој е под руска контрола.

„За жал, некои луѓе загинаа, голем број луѓе се повредени, десетици луѓе останаа без покрив над главата“, рече Володимир Леонтјев, а пренесува руската новинска агенција ТАСС, која го опиша како шеф на воено-цивилната администрација на областа Каховка.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди информациите од бојното поле.

Путин ја нападна Украина на 24 февруари во таканаречена „специјална воена операција“ за демилитаризација на соседот и ослободување од опасните националисти. Киев и Западот тврдат дека тоа е империјалистичко заземање на земјата од Путин.

Откако Путин не успеа да го освои главниот град Киев, неговите сили се свртеа кон Донбас, чии две провинции, Доњецк и Луганск, се делумно контролирани од проруските сепаратисти од 2014 година.

Путин има намера да им ја предаде контролата на Донбас на сепаратистите, а во понеделникот ги олесни правилата за Украинците да добијат руско државјанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП