Илон Маск му порача на Доналд Трамп дека е време да ја заврши кариерата, неколку дена откако поранешниот американски претседател го исмеа милијардерот поради неговата одлука да се откаже од купувањето на Твитер.
На оваа социјална мрежа Маск напиша: „Не го мразам човекот, но време е Трамп да го закачи шеширот и да заплови кон зајдисонцето“, пренесува Ројтерс.
Коментарите на Маск дојдоа како одговор на забелешките на Трамп во саботата на политичкиот митинг во Алјаска, каде што тој рече дека републиканскиот конгрес ќе даде приоритет да се стави крај на „левичарската цензура и да се врати слободата на говорот во Америка“.
Поранешниот американски претседател го исмејуваше Илон Маск за неговата неодамнешна одлука да се откаже од купувањето на Твитер.
„Илон нема да го купи Твитер. Од кого го слушнавте тоа? Од мене“, рече Трамп.
Покрај тоа, поранешниот американски претседател го критикуваше извршниот директор на Тесла за неговата изјава дека никогаш не гласал за републиканците.
Маск, најбогатиот човек на светот, одлучи да го раскине договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари.
Причината, како што наведуваат неговите адвокати, е тоа што оваа компанија не дала информации за лажните профили, пренесува Ројтерс.