29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски издал наредба до генералите: Сакам војска од милион луѓе!

Зеленски издал наредба до генералите: Сакам војска од милион луѓе!

Украина со помош на оружјето на НАТО најавува силен контранапад на југот на земјата, за да го ослободи тој дел на Украина од агресорите. Поради ова, украинскиот претседател Володимир Зеленски осмислува нова стратегија, која ќе вклучува милион војници опремени со најмодерното западно оружје.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников како главна цел го наведе ослободувањето на областа на Црното Море, која е од витално значење за украинската економија.

„Политички гледано, тоа е клучно за нашата земја. Претседателот ја издаде наредбата, а сега останува на воените службеници да направат план“, рече Резников и додаде дека е во постојан контакт со западните колеги на кои детално им објаснува какво оружје и треба на Украина.

Тој изјави и дека е задоволен од соработката со земјите од НАТО, но дека таа мора да се забрза.

Во прилог на фактот дека нешто големо се подготвува на југот на земјата, Украина апелира до своите граѓани да се евакуираат од Керсон. Имено, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук вчера ги предупреди цивилите во Херсонската област под руска окупација да ги напуштат своите домови бидејќи таму украинските вооружени сили подготвуваат контранапад, без да прецизира кога тоа би можело да се случи.

„Со сигурност знам дека сопругите и децата не треба да бидат таму и дека не смееме да дозволиме тие да станат „човечки“ штитови“, рече Верешчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП