4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија и Австрија добиваат помалку руски гас

Италија и Австрија добиваат помалку руски гас

Руски „Газпром“ објави дека ќе ја намали испораката на гас во Италија за приближно една третина, објави во понеделникот италијанската енергетска компанија „Ени“, а австриската „ОМВ“ исто така објави значително помали испораки.

Наместо вообичаените 32 милиони кубни метри, најверојатно денеска ќе бидат испорачани 21 милион, велат од „Ени“ од известувањето на рускиот добавувач.

Најголем дел од рускиот гас пристигнува во Италија преку гасоводот „Дружба“. „Газпром“ денеска го затвори „Северен тек 1“ на десет дена заради одржување.

Италија најголем дел од потребите за гас ги задоволува со увоз од Русија.

Од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, италијанската влада се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас со потпишување договори со други добавувачи, како Азербејџан, Катар и Алжир.

Тие купија и два терминали за складирање и гасификација на течен гас (ЛНГ) преку операторот на гасната мрежа „Snam“.

Австриската енергетска компанија „ОМВ“ денеска објави дека руски „Газпром“ дополнително ја намалил испораката на гас.

Од средината на јуни, „Газпром“ испорача приближно половина од гасот отколку што беше нарачано, рече портпаролот на „ОМВ“, Андреас Ринофнер.

Во понеделникот пристигнале дури 70 отсто помалку гас отколку што бил нарачан, изјави портпаролот на австриската компанија.

Тој додаде дека полнењето на складиштето ќе зависи од дневната потрошувачка и набавка на гас на физичките пазари.

„Колку гас всушност бил испорачан и складиран ќе се знае ден-два подоцна“, објасни портпаролот на „ОМВ“.

Австрија неодамна го предупреди „Газпром“ дека ако не го пополни својот дел од складиштето во Хајдах во близина на Салцбург, ќе ја препушти работата на други компании. Затоа регулаторот „Е-Контрол“ го започна процесот на протерување на „Газпром“, изјави министерот за енергетика Леоноре Гевеслер.

Складиштето во Хајдах има капацитет од 2,9 милијарди кубни метри. „Газпром“ има право на две третини, но не го користи со месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП