3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелта Му Делта Пи Алфа: Конструктивен дијалог и инклузија на перспективи на...

Делта Му Делта Пи Алфа: Конструктивен дијалог и инклузија на перспективи на различни генерации како основа за личен и професионален просперитет

Отворениот дијалог, безбедната средина и вклучувањето претставници од различни генерации, институции и сектори е она што синтетизира заклучоци и излезни решенија во несекојдневните предизвици со кои се соочуваме во оваа глобална економска криза, беше заклучокот на вчерашната дискусија на тема „Предизвиците на светската економија и нивните ефекти врз економијата на Република Северна Македонија“, во организација на Делта Му Делта Пи Алфа – Скопје.

Со осврт на макроекономската ситуација и дискусија за можни поинакви перспективи на делување во насока на намалување на ефектите од економската криза, проф. д-р Глигор Бишев, поранешен заменик на гувернерот на НБРСМ и претседател на управните одбори на Стопанска банка А.Д. Скопје и Шпаркасе банка А.Д. Скопје, говореше за актуелните состојби и движења во светската економија предизвикани од геополитичките поместувања во светот. Со посебен акцент на предизвиците со кои се соочува и македонската економија, д-р Бишев ги посочи проблемите на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, електрична енергија и прехранбени производи, инфлацијата, и сл.

Како почесен член на Делта Му Делта ПА, д-р Бишев пред останатите членови ги изложи своите видувања и насоки за потребите од преземање соодветни мерки од надлежните институции во земјата, со цел спречување и намалување на сегашните предизвици на економската сцена.

“Овој настан овозможи отворање конструктивна дебата и размена на гледишта меѓу членовите на Делта му Делта Пи Алфа, како и на останатите присутни на настанот во врска со економските случувања во земјата и во светот. На ваков начин, се зајакна нивното меѓусебно инспирирање и поттикнување во напорите за соочување со актуелната економска криза, како и нивно меѓусебно вмрежување, што покажа дека Делта Му Делта е одлична организација која овозможува отворена размена на мислења со цел меѓусебна поддршка на членовите во нивното дејствување во сите општествени полиња, а посебно во полето на бизнисот”, изјави проф. д-р. Томе Неновски, Претседател на Делта Му Делта Пи Алфа – Скопје.

Замислата на Делта Му Делта ПА е да организира што поголем број настани од ваков тип, каде што ќе се дискутира на актуелни економски и бизнис теми што го засегаат општеството во најгорливите и најприоритетните аспекти на неготово функционирање и на кои сите членови ќе имаат можност да разменат мислење со афирмирани соговорници.

ЗА ДМД

Делта Му Делта претставува меѓународна мрежа во која членуваат студенти од областа на економијата и бизнисот кои покажале одлични резултати во текот на своето високо образование, како и професионалци со значителен успех во кариерата и личен интегритет, кои имаат видлив придонес во општествените промени. Делта Му Делта е основано од деканот од Универзитетот Харвард и четворица професори од Универзитетот Јеил и Универзитетот во Њујорк во 1913 година. Како единствен меѓународно акредитиран универзитет во Република Северна Македонија со акредитација стекната од страна на Советот за акредитација на бизнис факултети и програми (АЦБСП) од САД, и по исполнувањето на строгите критериуми за членство, Универзитет Американ Колеџ Скопје во 2016 година основа огранок на Делта Му Делта во Северна Македонија, под назив Делта Му Делта Пи Алфа – Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП