10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЛитванија повторно со провокација врз Русија околу Калининград: Забранет транзит на бетон,...

Литванија повторно со провокација врз Русија околу Калининград: Забранет транзит на бетон, дрво, алкохол,…

Литванија ги прошири трговските ограничувања на руската балтичка енклава Калининград низ нејзината територија, во согласност со санкциите на Европската унија против Москва. Од понеделник на списокот на забранети стоки има и цемент, дрво, алкохол и индустриски хемикалии направени на база на алкохол, објави портпаролот на литванската царина.

Во петокот Русија ги предупреди Литванија и Европската унија дека би можела да преземе „строги мерки“ против нив доколку транзитот на стоки и добра од и до Калининград не биде повторно воспоставен за неколку дена.

Трговските ограничувања се заострија бидејќи владите, пазарите и компаниите се загрижени дека Русија би можела да го продолжи затворањето на најголемиот гасовод што носи руски гас до Германија за повеќе од 10 дена, како што е планирано за одржување.

Калининградскиот регион, кој граничи и со Литванија и со Полска, членки и на Европската унија и на НАТО, и зависи од патниот и железничкиот транспорт на повеќето стоки преку Литванија, е отсечен од родната Русија од 17 јуни поради санкциите наметнати од Брисел. Поради санкциите, оневозможен е и товарниот бродски сообраќај од Русија. Стоките што спаѓаат во хуманитарната категорија и добрата од витално значење, како што е храната, се изземени од санкциите на ЕУ.

Европските претставници, поддржани од Германија, се обидоа да постигнат компромис за прашањето за Калинград кон крајот на јуни, но според извори на Ројтерс, Литванија имала сериозни резерви за секое решение што може да се протолкува како отстапка за Москва.

„Мораме да се соочиме со реалноста, (Путин) има поголема предност од нас“. Во наш интерес е да најдеме компромис“, рече еден од изворите на последниот ден од јуни, додавајќи дека Калининград е „свет“ за Москва и дека исходот од договорот најверојатно ќе се смета за неправеден.

Едно од решенијата што беше споменато беше дека сообраќајот меѓу Русија и Калининград не се смета за меѓународна трговија бидејќи е руска територија и по тој основ е изземен од санкции, но тогаш стоката не треба да се извезува, туку да се користи исклучиво во енклавата.

Според сегашните санкции, на Русија и е забрането преку членките на Унијата да транспортира железо, челик и метал во Калининград, а на тој список денеска се додадени и цемент и алкохол.

Транспортот на јаглен ќе биде забранет во август, а нафтените деривати во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП