По немилите настани кои викендов доаѓаа од халкидики и веста дека три момчиња од земјава исчезнаа во водите на Егејско море (двајца од нив се живи и здрави, по третиот се уште се трага), нова вест од соседна Грција дека е исчезнато момче на плажата Милос, на Лефкада.
На Фејсбук групата „Грчка Инфо“ синоќа е објавен статус дека момче на возраст од околу 25 години исчезнало во водите на Јонското море на плажата Милос на Лефкада. Има инфо и од грчките медиуми.

