3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Чешка се поблиску до 1.000 евра

Просечната плата во Чешка се поблиску до 1.000 евра

18PRAGUE_SPAN-articleLarge

Според најновите податоци на Чешкиот завод за статистика, просечната плата во земјата изнесува 998 евра и во споредба со минатата година е зголемена за 12 евра, јави дописникот на МИА од Прага.

Со оглед на тоа дека инфлацијата за истиот период е зголемена за 1,5 посто, Чесите за парите со кои располагаат може да купат помалку од лани, односно реално нето платата е намалена за 0,3 проценти.

Истражувањето покажува дека просечниот личен доход, бележи поголемо зголемување кај државната администрација (номинално 1,9 проценти), за разлика од бизнис сферата каде платите се зголемиле за 1,1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП