30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја надмина Германија

Русија ја надмина Германија

avto2

Рускиот пазар на автомобили во август стана најголемиот пазар во Европа, надминувајќи го германскиот, се вели во извештајот на аналитичката агенција Автостат.

Во август во Русија се продадени 235,000 автомобили, со што се надминува обемот на продажба на европските пазари, објави Автостат.

Според проценките на агенцијата, продажбата на автомобили во Германија во август била намалена за 5,5 проценти на 211,044 автомобили.

Во јули во Русија беа продадени 234,569 нови автомобили, што е за осум проценти помалку во однос на истиот месец минатата година, објавува Автостат. Според податоците падот во јуни изнесувал 11 проценти, а во мај 12 проценти. За седум месеци продажбата е намалена за шест проценти, на 1,56 милиони единици.

Експертите очекуваат дека пазарот на автомобили во Русија со помош на државната програма за субвенционирање на кредитите за автомобили, од година во година ќе се зголемува и ќе биде на првото место во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП