8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСпасен македонски државјанин на Халкидики, се трага по уште две лица(ВИДЕО)

Спасен македонски државјанин на Халкидики, се трага по уште две лица(ВИДЕО)

Македонски државјанин на 25-годишна возраст е спасен, а по уште двaјца се трага во Посиди на Халкидики.

Сите тројца се од Северна Македонија, на возраст од 25, 28 и 30 години објави грчката телевизија „Скај“.

Како што пишува „Еуроњуз“ трите лица се капеле на плажа, кога силните струи ги повлекле и постепено исчезнале од видното поле на останатите.

Спасувачите го лоцирале едното момче кое, како што раскажуваат очевидците, испило многу морска вода и било пренесно во болница, но по укажаната прва помош опасноста била избегната.

Акцијата ја отежнуваат неповолните временски услови и силниот ветер, пишуваат локалните медиуми. Во спасувачката акција учествуваат брод на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили, рибарски брод и волонтери од грчкиот спасувачки тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП