13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраински гувернер: Русите создаваат пекол во Донецк

Украински гувернер: Русите создаваат пекол во Донецк

Серхи Хаидаи, украинскиот гувернер на источниот регион Луганск, кој неодамна целосно падна во рацете на руските сили, изјави дека Русите ја претвораат областа Донецк во жив пекол.

„Окупаторите спроведуваат офанзивни операции западно од Лисичанск. Нашите бранители се обидуваат да ги запрат по целата линија на фронтот“, напиша Хајдај на својот канал Телеграм.

„Тие не престануваат да се обидуваат да го нападнат соседниот регион (Донецк, оп.а.) долж административната граница. Напаѓаат од неколку правци. Онаму каде што не можат да одат напред, создаваат вистински пекол со гранатирање на сите територии на хоризонтот. Затоа се заканува опасност од секаде“, изјави гувернерот на Луганск.

Тој објави дека руските сили извршиле осум артилериски, три минофрлачки и девет ракетни напади во текот на ноќта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП