29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЧекањето за „Lexus“ е подолго отколку за „Ferrari“

Чекањето за „Lexus“ е подолго отколку за „Ferrari“

Откако листата на чекање за новиот „Land Cruiser“ се продолжи на четири години, истото му се случи и на неговиот полуксузен „брат“ од гамата на „Lexus“.

Станува збор за „Lexus LX“, огромен теренец со впечатлив изглед и опрема со врвен квалитет, по кој јапонската публика „полуде“. Со секој нов ден листата на чекање растеше, а откако неодамна достигна неверојатни 48 месеци, „Lexus“ одлучи да го повлече моделот од гамата.

Се работи за привремена одлука, која ќе биде активна додека не почнат да се скратуваат листите на чекање. Слична судбина го чека и новиот „Lexus NX“, кросовер кој сѐ повеќе се бара и за кој листата на чекање е веќе продолжена на повеќе од 12 месеци.

Сè на сè, „Toyota“, која е сопственик на премиум брендот „Lexus“, моментално не нуди три модели на јапонскиот пазар. Интересно е што овие модели сѐ уште се достапни во остатокот од светот.

„Toyota“ претходно најави проблеми во пласманот, кои се резултат на прекините во испораката на делови и привременото затворање на одредени јапонски погони. Планирано е да се произведуваат 800.000 возила месечно, но ќе се произведуваат околу 50.000 единици помалку.

Така, негативниот тренд продолжува и во втората половина од годината, па веќе се акумулира минус од 400.000 автомобили. Во следните месеци, доколку условите поврзани со Ковид-19 тоа го дозволат, „Toyota“ планира да го зголеми производството на 850.000 месечно и со тоа да го анулира дефицитот од првата половина на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП