18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЦИА разоткри каква намера има Путин

ЦИА разоткри каква намера има Путин

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека агентите на ЦИА ги разоткрија намерите на Владимир Путин.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во седиштето на Централната разузнавачка агенција-ЦИА им се заблагодари на луѓето на агенцијата кои го предупредија светот за плановите на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и ја поздрави, како што рече, „тивката храброст на американските шпиони“.

На 75-годишнината на ЦИА, Бајден рече дека долго време бил вклучен во работата на агенцијата, најпрво како помлад сенатор во комитетот формиран во 1975 година за да ги истражува експериментите за контрола на умот и другите злоупотреби на агенцијата.

„Успеавме да го предупредиме светот што планира Путин во Украина“

Тој истакна дека разузнавачките информации собрани од ЦИА ги разоткриваат плановите на Путин и му дозволиле на Вашингтон да ги предупреди другите земји за војна.

„Благодарение на неверојатната работа на нашите професионалци за разузнавање, можевме однапред да го предупредиме светот што планира Владимир Путин во Украина. Откривањето на играта на Путин направи огромна дупка во преправањето и ги дискредитираше неговите лаги за она што го правевме во Украина“, рече Бајден.

Пред руската инвазија на 24 февруари, додека Русија собра повеќе од 100.000 војници на границата со Украина, Путин постојано ги обвинуваше Соединетите Држави и другите западни сили дека намерно создаваат сценарио за да ја вовлечат Москва во војна, при што Русија ги нарече нејзините акции во Украина „специјална операција “.

Говорот на Бајден беше во целосна спротивност со оној на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој го одржа својот прв говор како претседател во седиштето на ЦИА, критикувајќи ги медиумите и неговите политички противници пред „ѕидот од ѕвездите“ во кој одбележа десетици загинати агенти на ЦИА. Бајден, исто така, истакна дека оваа година на ѕидот биле додадени две ѕвезди.

„Вашето физичко здравје и благосостојба се од клучно значење за мене и за вашето раководство овде во ЦИА“, рече Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП