19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостанокот на Г20 покажа длабок јаз меѓу Истокот и Западот

Состанокот на Г20 покажа длабок јаз меѓу Истокот и Западот

Иако беа присутни во иста просторија во исто време за прв пат од почетокот на војната во Украина, американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров видно се игнорираа еден со друг.

Поради длабоките разлики во ставовите на високите дипломати од најбогатите и најголемите земји во развој во светот, денеска на Бали не се најде заеднички јазик во однос на конфликтот во Украина и начините на кои може да се санираат неговите последици.

Групата од 20 министри за надворешни работи беше пречекана од индонезискиот министер за надворешни работи Ретно Марсуди со повик за единство и крај на конфликтот, но набрзо стана јасно дека поделбите меѓу Кина и Русија од една страна и Европа и САД од друга страна се премногу длабоки за да се постигне консензус, пренесува АП.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека „ако Западот не преговара, туку сака Украина да ја победи Русија, тогаш нема што да се разговара со Западот“.

Западните земји имаат двоен пристап кон Украина, што јасно покажува дека повеќе ги интересира идеологијата отколку самата земја, Украинците и европската безбедност во целина, изјави Лавров во Бали, Индонезија, каде што учествува на министерскиот состанок на Г-20.

Како што јави ТАСС, тој исто така рече дека со таквиот пристап Западот ја спречува Украина да влезе во мировниот процес, испраќајќи ѝ сè повеќе оружје што украинските сили го користат за таргетирање градови и убивање цивили, што гледаме дека се случува секој ден, што не може да се толерира.

Западните земји се на состанок на Бали за да се фокусираат на светските економски прашања и договори за одржлив разбој во ОН, што е мандат на Г-20, и тие веднаш, од самиот почеток, почнаа да ја критикуваат Русија за ситуацијата во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП