26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКакви коли возат Швајцарците за време на криза

Какви коли возат Швајцарците за време на криза

2013-Volkswagen-Passat-CC

Како и повеќето европски земји, и во Швајцарија е забележан пад на продажбата на нови автомобили.Сепак, и покрај кризата, купувачите во оваа земја не сакаат да се откажат од постигнатиот стандард, така што на второ и трето место најпродавани коли се наоѓаат Ауди и БМВ.

Према официјалните податоци, продажбата на нови автомобили на швајцарскиот пазар опаднала во август за 4,8 отсто(на 20.996 возила), во однос на истиот месец  2012 година.

Во периодот од јануари до август 2013 година продадени се вкупно 203.634 возила, што е забележан пад од 9,2 отсто.

Водечка марка на швајцарскиот пазар е ,,Volkswagen”, со 2.505 продадени возила во август(-3,1 отсто).Интересно е што на второ и трето место се наоѓаат произведувачите на луксузни автомобили.

,,Audi” кој исто така припаѓа на групацијата ,,Volkswagen”, е втор со 1.452 продадени возила(-22,8 отсто), додека на трето место е ,,BMW” со 1.414 возила(+1,6 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП