29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната ја чека рецесија без разлика дали ќе престане рускиот гас

Еврозоната ја чека рецесија без разлика дали ќе престане рускиот гас

Еврозоната ќе оди во рецесија без оглед на тоа дали руските енергетски испораки ќе престанат или не. Така барем сметаат од „ING“, од каде што велат дека оваа перспектива ќе го ограничи зголемувањето на каматните стапки на Европската централна банка (ЕЦБ).

„Долгоочекуваното економско закрепнување на еврозоната е откажано“, вели економистот Карстен Бжески во белешката, цитирана од „Bloombeg“. „Ниту еден од сегашните фактори на ризик за економијата на еврозоната веројатно нема да исчезне наскоро“, додаде тој.

„ING“ ја намали прогнозата за економски раст на еврозоната за 2022-ра година на 2,6% и предвиде рецесија кон крајот на годината. Според зборовите на Бжески, „ова е всушност без да се предвиди целосно исклучување на руската нафта и гас“.

Инвеститорите се повеќе се загрижени дека ризиците околу енергетскиот сегмент може да доведат до надолен тренд. Евентуалниот силен економски шок би ѝ отежнал на ЕЦБ да ја заостри монетарната политика и најверојатно би го зголемил јазот во каматните стапки со САД. Овие грижи се повеќе го туркаат еврото кон паритет со доларот.

За Бжески, влошената прогноза може да го мотивира раководството на централната банка да побрза со намера да ги зголеми каматните стапки.

Тој очекува властите да можат да ги зголемат стапките за само 100 базични поени до крајот на годината.

„Најдената рецесија не само во еврозоната, туку и во САД, како и сомнежите за одржливоста на долгот на еврозоната, треба да ја спречат ЕЦБ да оди подалеку од почетната нормализација, задржувајќи ги стапките непроменети во 2023-та година“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП