19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШок: Почина поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе

Шок: Почина поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина како резултат на обид за атентат во петокот додека водеше кампања за националните избори. Полицијата соопшти дека 41-годишен маж е уапсен под сомнение дека пукал во градот Нара, на западот на земјата.

Абе служеше два мандата како премиер, станувајќи јапонски премиер со најдолг стаж пред да се повлече во 2020 година поради лошо здравје.

Сепак, тој остана сива еминенција на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), контролирајќи една од нејзините главни фракции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП