28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 намирници кои витките луѓе ги консумираат редовно

5 намирници кои витките луѓе ги консумираат редовно

Многу слаби луѓе се токму такви поради својата добра генетика, но тоа не е случај со сите нив. Некои од нив сепак внимаваат на својата исхрана, додека други сами по себе правилно се исхрануваат. Ако сакате и вие да се вброите помеѓу витките луѓе, ви откриваме што тие јадат.

1. Млечни производи

61115_shutterstock-146078012_630x0

Повеќе американски универзитети се здружија во проучувањето на навиките во исхраната на повеќе од 7.000 возрасни луѓе во текот на три години. Откриено е дека високото ниво на калциум во млекото и јогуртот помага во регулирање на метаболизирањето на мастите и во зголемување на количеството на масти кои се исфрлаат. Претходните студии пак ни ја открија и поврзаноста помеѓу консумирањето на млечни производи и слабеењето.

2. Овесна каша

70712_ovsena-shutterstock-136016273_630x0

Витките луѓе за појадок јадат овесна каша, која изобилува со влакна бидејќи знаат дека таа ќе го поттикне нивниот метаболизам и ќе ги одржи сити се до ручекот. Една студија откри дека луѓето кои јадат помалку од шест грама диетални влакна дневно ќе ја зголемат својата тежина за 4 килограми повеќе од оние кои внесувале барем 11 грама диетални влакна во текот на десет години. (Чинија со овесна каша со малку банана како додаток и една рака исецкани лешници обезбедува токму 11 грама диетални влакна)

3. Авокадо

39218_shutterstock-133889831_630x0

Една студија откри дека токму оние кои консумираат половина авокадо за ручек ќе бидат подолго сити и помалку гладни во подоцнежните часови, во споредба со оние кои не го јадат ова овошје. Здравите мононезаситени масти го одржуваат нивото на шеќер стабилно, што е многу важно за одржување на ситоста.

4. Лути пиперчиња

luti1

Научниците од Универзитетот Пурдју откриваат дека луѓето кои додаваат лута пиперка во јадењата чувствуваат помала потреба за масна, солена и слатка храна. Други студии пак покажаа дека капсацинот од лутите пиперки го поттикнува метаболизмот.

5. Јаткасто овошје

65350_k-voce-foto-shutterstock_630x0

Кога витките луѓе сакаат нешто да грицкаат, тие најчесто посегнуваат по јаткасто овошје. Една нова британска студија ни открива дека оние кои редовно консумираат јаткасто овошје се значајно повитки од оние кои воопшто не го јадат. Тоа е богато со протеини и влакна и создава силно чувство на ситост. Јадете бадеми, ф’стаци или кикиритки, бидејќи содржат најмалку калории и масти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП