9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГасот руши рекорди: Цената достигна речиси 2.000 долари за илјада кубни метри

Гасот руши рекорди: Цената достигна речиси 2.000 долари за илјада кубни метри

Цената на гасот во Европа надмина 1.950 долари за илјада кубни метри – за прв пат од 9 март, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на гасот за испорака во август (фјучерси) во холандскиот центар ТТФ се зголеми на 1950,2 долари за илјада кубни метри или 185 евра за мегават-час.

Од почетокот на тргувањето, цената на гасот скокна за повеќе од осум отсто.

На цената на гасот влијаат повеќе фактори. Претходно американската компанија „Фрипорт ЛНГ“ најави дека очекува големиот гасен терминал, по исклучувањето поради пожар и експлозија во јуни, делумно да продолжи со работа дури на почетокот на октомври.

Капацитетот на компанијата „Фрипорт ЛНГ“ се проценува на 15 милиони тони течен природен гас годишно, што е околу 16 отсто од вкупниот американски извоз.

На цената на гасот влијае и намалувањето на испораките од Русија, вклучително и преку гасоводот „Северен тек“.

Кон средината на јуни „Гаспром“ ја намали испораката на гас преку „Северен тек“, објаснувајќи го тоа со доцнењето во работата на германски „Сименс“, кој поради санкциите на Канада против руската компанија не може да ја врати турбината од компресорска станица „ Портова“.

Затоа гасоводот во моментов испумпува 40 отсто од својот максимален капацитет.

Штрајкот на вработените во нафтената и гасната индустрија во Норвешка – една од најголемите земји снабдувачи со гас во ЕУ – исто така доведе до забележително зголемување на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП