22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин: Уште не сме ни почнале

Путин: Уште не сме ни почнале

„Неодамна на Запад се слушнаа изјави дека Русија треба да биде поразена на бојното поле во Донбас – нека се обидат“, рече рускиот претседател Владимир Путин на средбата со раководството на Државната дума и лидерите на фракциите.

„Денеска слушаме дека сакаат да не победат на бојното поле. Што да кажам, нека пробаат. Веќе многупати слушнавме дека Западот сака да војува со нас до последниот Украинец. Тоа е трагедија за украинскиот народ, но се чини дека се оди во таа насока. Сите треба да знаат дека уште ништо сериозно не сме почнале. Во исто време, не ги отфрламе мировните преговори. Но, оние кои одбиваат треба да знаат дека како што поминува времето, ќе им биде потешко да преговараат со нас“, изјави рускиот лидер.

Тој посочи дека војната во Украина е иницирана од колективниот Запад.

Ни кажуваат дека војната ја започнавме во Донбас, во Украина“. Не. Истиот тој колективен Запад е директен поддржувач, виновник за ова што се случува денес“, изјави Путин.

Западот не успеа да посее раздор во Русија.

„Тие очигледно не се обидоа само да и нанесат удар на руската економија – нивната цел беше да посеат раздор, немир во нашето општество, да ги деморализираат луѓето. Но, и овде згрешија – ништо не успеа и сигурен сум дека нема“, рече рускиот лидер.

Според Путин, на западните земји не им е потребна Русија како држава, „затоа го поддржаа сепаратизмот, тероризмот, внатрешните деструктивни сили и петтата колона во Русија“.

Сите тие dobivaa и ја добиваат безусловната поддршка од тој колективен Запад“, посочи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП