21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Дополнителната помош за Грција ќе биде придружена со нови услови

Драги: Дополнителната помош за Грција ќе биде придружена со нови услови

Mario Draghi-euro

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги денеска изјави дека секоја дополнителна помош за Грција ќе биде проследена со нови услови, јави ДПА.

Тој на прес-конференција уште еднаш нагласи дека Банката нема да ги преземе загубите од грчките обврзници, кои ги поседува, за да го намали долгот на Атина.

Драги даде негативен одговор на прашањето дали ЕЦБ ќе учествува во намалувањето на грчкиот долг.

Грција веројатно ќе има потреба од околу 11 милијарди евра (14,5 милијарди долари) до крајот на 2015 година поради недостигот на приходи, што ги поттикна шпекулациите дека Атина можеби ќе побара и трет спасувачки пакет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП