20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЛавров пристигна во Бали: „Веројатно ќе има драма“

Лавров пристигна во Бали: „Веројатно ќе има драма“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна на Бали на самитот на водечките дипломати на Г-20.

Се очекува самитот да биде во сенка на руската инвазија на Украина и претстојната глобална криза со храна.

Водечките дипломати од сите земји на Г20, вклучително и американскиот државен секретар Антонио Блинкен и неговиот кинески колега Ванг Ји, се очекува да присуствуваат на самитот, кој треба да започне во петок.

Лавров треба да има билатерални разговори со Ванг во четврток, изјави извор од кинеската амбасада во Џакарта.

Експертите велат дека поделбите околу присуството на Лавров би можеле да доминираат на состанокот.

Руската инвазија предизвика опширни западни санкции. Многу од овие западни земји ја поддржуваат Украина, која се спротивставува на руската инвазија повеќе од четири месеци.

„Веројатно ќе има драма околу Лавров, но ако Индонезија може да ја убеди Русија да склучи мир со Украина, мислам дека би вредело“, рече Агус Харјанто, кој предава меѓународни односи на Универзитетот „Генерал Содирман“.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо се обиде да посредува меѓу Русија и Украина, посетувајќи ги двете земји минатата недела на патување што тој го опиша како мировна мисија.

Минатиот месец тој предупреди дека глобалната прехранбена криза предизвикана од руската инвазија на Украина ќе ги турне луѓето во земјите во развој и сиромашните во „амбис на екстремна сиромаштија и глад“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП