29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната инфлација турка уште 71 милион луѓе во екстремна сиромаштија

Глобалната инфлација турка уште 71 милион луѓе во екстремна сиромаштија

Глобалната криза на трошоците за живот, турка дополнителни 71 милион луѓе во најсиромашните земји во светот во екстремна сиромаштија, се предупредува во новиот извештај објавен денеска од Програмата за развој на ОН (UNDP).

Аким Штајнер, директор на УНДП, рече дека анализата на 159 земји во развој покажала дека овогодинешниот пораст на цените на клучните стоки веќе погодил делови од субсахарска Африка, Балканот, Азија и други региони, пренесува Ројтерс.

УНДП повика на насочени мерки, вклучително и директна парична помош за најранливите земји и бара од побогатите земји да ја продолжат и прошират Иницијативата за запирање на сервисирање на долгот (DSSI) што ја започнаа за да им помогнат на сиромашните нации за време на пандемијата на „Ковид-19“.

„Оваа криза на трошоците за живот доведува милиони луѓе во сиромаштија, па дури и гладување со неверојатна брзина. Поради ова, заканата од големи социјални немири расте од ден на ден“, рече Штајнер.

Институциите како што се ОН, Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд имаат бројни финансиски „линии на сиромаштија“, од кои едната е за најсиромашните земји во кои луѓето живеат со 1,90 долари или помалку на ден. Втората линија е 3,20 долари дневно за економиите со понизок среден приход, а третата е 5,50 долари дневно за земјите со висок среден приход.

„Проценуваме дека сегашната криза на трошоците на животот можеби турна повеќе од 51 милион луѓе во екстремна сиромаштија со 1,90 долари на ден и дополнителни 20 милиони луѓе со 3,20 долари на ден“, се вели во извештајот, предвидувајќи дека тоа ќе го зголеми вкупниот глобален број на оние кои живеат во сиромаштија на нешто повеќе од 1,7 милијарди луѓе.

Се додава дека целните трансфери на готовина од страна на владите ќе бидат „поправедни и поисплатливи“ од сеопфатните субвенции за работи како што се цените на енергенсите и храната, од кои поголема корист имаат побогатите слоеви на општеството.

„Долгорочно, овие субвенции ја зголемуваат нееднаквоста, дополнително ја влошуваат климатската криза и не го ублажуваат моменталното влијание“, рече шефот за стратешка политика на УНДП, Џорџ Греј Молина.

Последните две години од пандемијата, исто така, покажаа дека на земјите со ограничени пари ќе им треба поддршка од глобалната заедница за финансирање на гореспоменатите шеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП