Јапонскиот производител „Lexus“ најави серија ажурирања за својот седан „ES“ во Европа, кои вклучуваат нови инфозабавни системи, повеќе технолошки карактеристики и пакетот „F Sport Design“.
Шестата генерација на „Lexus ES“ беше претставена во 2018-та година и доби дотерување во 2021-ва година. Сепак, технологијата се развива со брзо темпо и компанијата го додаде својот најнов систем за информации и забава на моделите „RX“, „NX“ и „UX“. Сега ним им се придружи и европскиот „ES“, кој добива полесен уред со повеќе функции.

Засега, „Lexus“ не ја откри големината на централниот екран на допир, но најверојатно ќе биде 12,3 инчи, како и другите модели во гамата. Системот обезбедува безжично поврзување со „Apple CarPlay“, иако поради некоја причина „Android Auto“ сè уште бара жична врска. Има и навигација „заснована на облак“, која прикажува ажурирани информации во реално време за сообраќајот, цените на горивото и паркирањето.
Системот за препознавање глас исто така е ажуриран, компатибилен со 19 различни европски јазици додека одговара на неформални команди. Новиот модул за комуникација со податоци (DCM1) му овозможува на „ES“ да се поврзе на мобилни мрежи и интернет, како и да ја интегрира функцијата „e-Care“, која го надгледува возилото 24/7 и го известува сопственикот кога е потребна услуга. Модулот исто така дава пристап до функциите на далечинскиот управувач преку апликацијата за паметни телефони „Lexus Link“.

Освен новиот систем за информации и забава, дизајнерите на „Lexus“ ја редизајнираа централната конзола на „ES“. Сега има два држачи за чаши, „USB-A“ и „USB-C“ порти, плус нова подлога за безжично полнење до која е полесен пристап.
Нема промени на надворешноста на „ES“, бидејќи моделот неодамна беше ажуриран. Сепак, „Lexus“ сега нуди пакет „F Sport Design“, кој има црно обоени 19-инчни алуминиумски тркала и ознака „F Sport Design“ на браниците. Сега се достапни 10 бои за надворешни и 4 внатрешни бои за моделот.
Производството на моделот за 2023-та година, со ЕУ спецификаиите, „Lexus ES“ ќе започне во август, а првите испораки се закажани за октомври.