25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите и се закануваат на Финска: Мислите дека базата на НАТО ви...

Русите и се закануваат на Финска: Мислите дека базата на НАТО ви дава сигурност? Само ги ризикувате животите на граѓаните…

Ако Финска и Шведска станат дом на базите на НАТО, тоа нема да им обезбеди безбедност. Напротив, тоа само би ја загрозило безбедноста на граѓаните во близина на тие бази, порачаа од Русија…

Финска и Шведска се на неколку „бирократски“ чекори од влез во НАТО алијансата, а веќе се споменуваат локации за воени бази, што предизвикува се поголем гнев во Русија…

Кимо Јарва, градоначалник на Лапеенранта, фински град на околу 20 километри од руската граница, неодамна изјави дека постои шанса во близина на овој град да се изгради база на НАТО…

-Ова би обезбедило чувство на сигурност на луѓето и на сите во нашиот регион – рече Јарва, а одговорот од Русија не требаше долго да се чека.

-Сосема грешите – ја започна својата порака до Финците пратеникот на Думата Вјачеслав Володин и веднаш продолжи со објаснувањето …

-Доколку Финска и Шведска станат дом на базите на НАТО, тоа нема да им обезбеди безбедност. Напротив, тоа само би ја загрозило безбедноста на граѓаните во близина на тие бази. Се знае кои цели се насочени во случај на конфликт – вели Володин, пренесува NordNews.

Лапеенранта моментално е дом на околу 70.000 жители кои живеат многу подобро од нивните соседи на исток. За време на преговорите за влез во НАТО, Финска и Шведска не се обврзаа на изградба на нови бази, ниту дека ќе има бази на нивна територија, но се чини дека тоа е се пореална опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП