19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев предупреди: „Ако цената на руската нафта биде ограничена...“

Медведев предупреди: „Ако цената на руската нафта биде ограничена…“

Јапонскиот предлог да ја ограничи цената на руската нафта на околу половина од сегашното ниво ќе доведе до значително помала понуда на нафта на пазарот.

Ова го изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев и додаде дека тоа може да ги подигне цените на тој енергенс над 300-400 долари за барел, пренесува Ројтерс.

Коментирајќи ги извештаите за предлогот, кој наводно го претстави јапонскиот премиер Фумио Кишида, Медведев рече дека Јапонија „нема да има нафта ниту гас од Русија, ниту учество во проектот за течен природен гас Сахалин-2“.

Лидерите на Г7 минатата недела се согласија да ја истражат можноста за воведување привремени ограничувања на увозните цени на руските фосилни горива, вклучително и нафтата, во обид да ги ограничат руските извозни приходи за финансирање на нејзината воена кампања во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП