24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на „Deutsche Bank“: Инфлацијата е отров за општеството

Шефот на „Deutsche Bank“: Инфлацијата е отров за општеството

Шефот на „Deutsche Bank“, Кристијан Зевинг, ја опишува бесната инфлација како отров за општеството и предупредува дека постојаното зголемување на цената на сè, тоа е закана за рецесија.

„Кога 40 отсто од граѓаните велат дека на крајот на месецот не можат да остават евро настрана, тоа значи дека е загрозен социјалниот мир во Германија“, рече Зевинг во понеделникот на банкарска конференција во Франкфурт.

„Згора на тоа, континуираниот инфлациски притисок се заканува со рецесија“, рече Зевинг, додавајќи дека нарачките на компанијата се сè уште полни, а профитот е силен, но дека со нетрпение ги чека следните 12 месеци.

Покрај експлозивниот раст на цените, ситуацијата е отежната и од пандемијата, прекумерните проблеми со синџирите на снабдување и тесните грла на пазарот на трудот.

„Ако војната во Украина навистина го запре увозот на руски гас, германската економија ќе западне во „длабока рецесија““, рече Зевинг.

Тој оцени дека Европската централна банка (ЕЦБ) доцни и е недоволно децидна во зголемувањето на референтната каматна стапка, основната мерка за заладување на инфлацијата.

Зевинг додаде дека се надева оти американската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка за уште 0,75 процентни поени, односно дека ЕЦБ ќе реагира порано од очекуваното.

Во јуни потрошувачките цени во еврозоната, односно во 19-те земји-членки на ЕУ кои го користат еврото како заедничка валута, пораснаа со годишна стапка од 8,6 отсто. Во Германија таа стапка достигна 7,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП