28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ132. ден војна во Украина: Русите напредуваат кон Бахмут, Украинците „фрлија“ знаме...

132. ден војна во Украина: Русите напредуваат кон Бахмут, Украинците „фрлија“ знаме на Змискиот остров


Војната во Украина влезе во својот 132 ден. Вчера во швајцарскиот град Лугано се одржа дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина на која претседателот на таа земја Володимир Зеленски ги покани учесниците да се приклучат на националниот план за обнова на земјата. За тоа време руските сили продолжиле да напредуваат, а според градоначалникот на Славјанск, Вадим Љах, тие се на 7-10 километри од тој град.

Порошенко купува возила за војската

Поранешниот претседател на Украина, бизнисменот Петро Порошенко објави видео на кое стои пред возило „Шилд“ од италијанско производство.

Купил 11 возила кои ќе ги подари на украинската армија.

На Украина и се потребни до 65 милијарди долари финансирање за 2022 година

Украинската влада денеска посочи дека и се потребни до 65 милијарди долари оваа година за да ги покрие своите финансиски потреби бидејќи се соочува со континуирани економски и буџетски нарушувања од руската инвазија.

Оваа сума е неколку милијарди долари повеќе од она што досега можеа да го ветат сојузниците на Киев, пишува Блумберг.

Наведената бројка, која не ги вклучува трошоците за одбрана и безбедност, е дел од поширокиот план за долгорочна реконструкција на земјата, кој се проценува дека ќе надмине 750 милијарди долари, се забележува во информацијата.

Експлозија во Николаев

Силни експлозии одекнаа рано утрово во Николаев.

Засега не се знае која е причината.

Руските сили напаѓаат во правец на Бахмут

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили ги гранатираат украинските позиции по целата линија на фронтот, а во правец на Бахмут, во областа Доњецк, ги напаѓаат населбите Новолуганское и Спорноје.

Во правец на Харков, руските сили ги концентрираат своите напори за задржување на окупираните линии и спречување на напредувањето на украинските војници, пренесува Интерфакс Украина.

„Го испуштивме знамето на Змискиот остров, сè уште не е подигнато“

Наталија Гумењук, портпаролката на Јужната оперативна команда на украинската армија, изјави дека знамето на Украина било фрлено на Змискиот остров од хеликоптер, но дека се уште не е подигнато.

Таа за Си-Ен-Ен изјави дека ќе го чекаат пристигнувањето на украинските војници на островот, кој руските војници го напуштија минатата недела, и дека знамето потоа ќе биде подигнато.

Гумењук додаде дека нејзината претходна изјава вчера дека украинското знаме е подигнато на Змискиот остров треба „метафорично да се разбере“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП