26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБезбедносен аналитичар: „Да, ова е победа на Русија“

Безбедносен аналитичар: „Да, ова е победа на Русија“

Одбранбениот и безбедносен аналитичар Мајкл Кларк го коментираше падот на Лисичанск во руски раце и последиците што ќе ги има врз развојот на ситуацијата во Украина.

Коментирајќи го падот на Лисичанск во интервју за Sky News, тој рече дека Украинците имале силни одбранбени позиции, но дека Русите успеале да ги опколат со маневри кои претходно не можеле да ги изведат.

„Да, тоа е пораз, но Украинците не претрпеа огромни загуби бидејќи добро го организираа повлекувањето“, рече Кларк.

Аналитичарот додаде дека падот на Лисичанск е „значајна победа“ за Русија и дека руските сили сега се соочуваат со окупација на градовите Славјанска и Краматорск во областа Доњецк.

„Најзначајната победа од 25 март“

„Украинците го загубија Луганск, помалиот од двата региони кои заедно го сочинуваат Донбас. Поголемиот регион е Доњецк, а Русите досега зазедоа околу половина од тој регион. Нема да го освојат целиот додека не ги заземат Славјанск и Краматорск, и тоа нема да биде лесно“, рече Кларк.

„Да, ова е победа на Русија и најзначајна победа од 25 март кога рекоа дека Донбас е главна цел. Сепак, тие рекоа дека го сакаат цел Донбас, а нема да го добијат без Славјанск и Краматорск.

Да потсетиме, Русите на 25 март се откажаа од обидот да го освојат главниот град Киев и вториот по големина град Харков и објавија дека нивен приоритет е „ослободувањето“ на Донбас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП