24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа новиот „GMC Hummer EV“ се чека дури 17 години

За новиот „GMC Hummer EV“ се чека дури 17 години

При нарачката на новиот пикап „GMC Hummer EV“, купувачот ќе мора да чека 17 години за испорака на електричниот автомобил доколку производството продолжи со сегашното темпо, пишува „The Wall Street Journal“.

Од почетокот на јули, дилерите на „General Motors“ добија 77.000 нарачки за оживеаниот „Hummer“, кој сега е електричен. Меѓутоа, во моментов американскиот концерн произведува само 12 автомобили дневно, што е крајно недоволно за да се задоволи побарувачката. Малиот обем на производство се должи на недостигот на електронски компоненти и батерии за овој модел.

Батериите за „GMC Hummer EV“ се развиени, произведени и испорачани од јужнокорејскиот концерн „LG“. Топ-верзијата на пикапот има три електромотори со моќност од над 1.000 ks, а досегот со едно полнење е околу 550 километри. Цените на овој електричен автомобил започнуваат од 84.600 долари.

Пикапот има и некои нестандардни карактеристики. Меѓу нив е и посебен режим „Crabwalk“, во кој сите четири тркала се вртат во една насока под агол, а тоа му овозможува на пикапот да се движи дијагонално. Електричниот „Hummer“ има и „UltraVision“ камери за сите терени поставени под долната страна на возилото. Тие го анализираат теренот и ја проектираат неговата слика на дисплеј, што му помага на возачот полесно да се справи кога вози на тежок терен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП