29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен во болница во Грција чини многу пари! Ако не сте осигурани,...

Ден во болница во Грција чини многу пари! Ако не сте осигурани, одморот може да ви се претвори во пекол

Одењето на одмор може да стане вистински пекол ако се разболите во странство.

Само лекувањето на обична болка во грлото во Грција може да ве чини и до 500 евра, додека еден ден болничко лекување чини дури до 1.600 евра!

Поради ваквите вртоглави цени на лекување во странство, патничкото осигурување треба да биде составен дел од аранжманот.

Цените на медицинските услуги во странство зависат од дестинацијата и видот на здравствениот проблем. На пример, во Грција медицинските услуги за лекување на болки во грлото, увото или стомакот се движат од 50 до дури 500 евра, во зависност од терапијата, лековите, инјекциите или дополнителните тестови! Потешки здравствени проблеми, падови и скршеница на рака или нога, како и болничко лекување може да изнесуваат по неколку илјади евра.

Цените на основниот лекарски преглед за патниците без патничко осигурување во Грција е најмалку 50 евра, па се до 180 евра, а главно се однесуваат на инфекции на грлото или увото, стомачни проблеми или каснувања од инсекти. Туристите можат да бидат во големи финансиски проблеми ако сериозно се разболат или повредат. Доколку се случат тешки незгоди или болести, цените на лекарскиот преглед се искачуваат и до неколку стотици евра бидејќи секоја снимка или анализа се наплаќа посебно.

Цени за лекување во странство

  • Преглед на општи лекари 50-180
  • Болки во грлото 50-500
  • Каснување од инсекти 30 – 50
  • Каснување од медуза 50 – 80
  • Исип 50-100
  • Труење 100-150
  • Температура 50 – 100
  • Забоболка 100 – 300
  • Стомачен вирус 80 – 150
  • Фрактура (нога, рака) 300 – 500
  • Ден во болница 400 – 1.600 Цените се во евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП