23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеленски повика на меѓународна помош во обновата на Украина

Зеленски повика на меѓународна помош во обновата на Украина

Четири месеци по руската операција, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на меѓународна помош за обнова на уништената земја по крајот на војната.

„Потребно е не само да се поправи сето она што го уништија окупаторите, туку и да се создадат нови основи за нашите животи: безбедни, модерни, удобни, достапни“, рече тој во говорот доцна во саботата.

Тоа би барало „колосални инвестиции, милијарди, нови технологии, најдобри практики, нови институции и, се разбира, реформи“, рече тој.

Колку и да ни е тешко денес, мора да запомниме дека ќе има утре“, рече Зеленски.

Во понеделник во Лугано, Швајцарија, треба да се одржи состанок на околу 40 потенцијални земји донатори, каде што украинската влада има намера за првпат да ги претстави своите приоритети за обнова на земјата разурната од војната.

Зеленски, исто така, во видео обраќање ги потсети Украинците дека војната е далеку од завршена.

„Нејзината суровост се зголемува на некои места и тоа не може да се заборави“, рече тој, апелирајќи до своите сонародници да им помогнат на жртвите од бруталниот конфликт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП