26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД се забранува изградбата на бензински пумпи: Не е поради цената...

Во САД се забранува изградбата на бензински пумпи: Не е поради цената на горивата

Калифорнија е позната по својата еколошка политика, а новите одлуки на одредени градови во оваа американска држава покажуваат дека и во САД се планира да се префрлат на целосно електрични возила.

Лос Анџелес наскоро ќе стане најголемиот град во Америка кој ќе ја ограничи употребата на фосилни горива на локално ниво како дел од напорите за решавање на климатските проблеми, наведуваат медиумите. Тука спаѓа и забраната за изградба на нови бензински пумпи во градот.

Минатиот март, американскиот град Петалума, Калифорнија, стана првиот град кој забрани изградба на нови бензински пумпи, во обид да се постигне јаглеродна неутралност до 2030 година.

Оваа иницијатива набрзо се прошири и во другите американски градови, па дури и Лос Анџелес, иако познат како град кој целосно се потпира на автомобилскиот превоз, се приклучи на оваа иницијатива наречена движење за безбедни градови.

Претставниците на Лос Анџелес истакнаа дека забраната за отворање нови бензински пумпи е очигледно решение бидејќи никој не сака поголемо загадување. Помеѓу другото, државата Калифорнија ќе престане да продава автомобили со класичен погон од 2035 година, а исто така има за цел да се префрли на користење 100 отсто обновлива енергија до 2045 година.

Како што пишува порталот „Енерџи“, на американските патишта има се повеќе електрични возила, изградбата на потребната инфраструктура е во полн ек, а има се повеќе станици за полнење на електрифицирани возила.

Сепак, статистиката покажува дека во САД има двојно повеќе бензински пумпи по глава на жител отколку во ЕУ, така што Американците со возила на фосилни горива уште некое време се во мир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП