16 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ130. ден војна во Украина: Експлозии во руски град во близина на...

130. ден војна во Украина: Експлозии во руски град во близина на границата со Украина, најмалку три лица загинале

Најмалку три лица загинаа, а десетици станбени згради се оштетени утрово во рускиот град Белгород, во близина на украинската граница, по неколку експлозии, изјави гувернерот на регионот Влачеслав Гладков, а пренесува Гардијан.

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за неделникот „Спектатор“ истакна дека Зеленски во основа ја прифатил неговата теза за три можни исходи од војната во Украина.

Вчера Украина ги негираше наводите на проруските вооружени сили дека „целосно“ го опколиле градот Лисичанск на истокот на земјата.

Рускиот премиер Михаил Мишустин вчера потпиша указ за прекин на учеството на Русија во низа договори во рамките на Советот на Европа, се наведува во документот објавен од официјалниот руски интернет портал за законодавни информации.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави вчера дека армијата на неговата земја соборила ракети истрелани од Украина кон Белорусија, во време на шпекулации за зголемената вмешаност на Минск во конфликтот меѓу Киев и Москва.

Готланд, сега шведски остров во средината на Балтичкото Море, спаѓа во групата на стратешки најважни места. Затоа, разбирливо е дека Викинзите се населиле таму и дека Шведска и Данска се расправале за островот. Затоа што, кој го контролира Готланд, го контролира и целиот сообраќај поврзан со Заливот Ботни и Санкт Петербург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП