25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканска банка тврди: Ако Русија го изведе ова, цената на нафтата вртоглаво...

Американска банка тврди: Ако Русија го изведе ова, цената на нафтата вртоглаво ќе порасне!

Глобалните цени на нафтата би можеле да достигнат неверојатни 380 долари за барел доколку американските и европските санкции ја натераат Русија да го намали производството на сирова нафта за возврат, предупредија аналитичарите на американската инвестициска банка JP Morgan Chase, како што објави Блумберг.

Земјите-членки на Г7 смислуваат комплициран механизам за ограничување на цената на руската нафта, се со цел да се „закочи“ финансирањето на воената машинерија на Владимир Путин во Украина. Путин, се разбира, не сака да го дозволи тоа и планира „контранапад“.

Како што пишува Блумберг, со оглед на солидната фискална позиција на Москва, Русија може да си дозволи да го намали дневното производство на сурова нафта за 5 милиони барели без да предизвика преголема штета на економијата, велат аналитичарите на JPMorgan. Меѓутоа, за поголемиот дел од остатокот од светот, резултатите би можеле да бидат катастрофални.

Намалувањето на дневните резерви од 3 милиони барели би ги поттикнало референтните цени на суровата нафта во Лондон на 190 долари, додека најлошото сценарио од 5 милиони барели би можело да значи „астрономски“ 380 долари за барел сурова нафта, пишуваат аналитичарите.

„Најочигледниот и најверојатен ризик со ограничување на цената е дека Русија би можела да одлучи да не учествува и наместо тоа да возврати со намалување на извозот. Веројатно е дека руската влада би можела да возврати со намалување на производството како начин да му нанесе болка на Западот. Пазарите на нафта се на страната на Русија“, заклучуваат аналитичарите на JP Morgan.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП