10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го отпуштите вашиот работник?

Како да го отпуштите вашиот работник?

pushtoexit1

Ниту еден шеф не ужива во отпуштањето работник. Но вие може да му помогнете на вработениот полесно да се соочи со отпуштањето.

Отпуштањето работници е навистина ужасно. Не е ни чудно што многу шефови ова го одложуваат најмногу што можат.

Но тука се поставува прашањето: дали може да се отпушти некој на фин начин?

Ако вработениот си заминува заради несоодветно однесување на работното место, тогаш одговорот е веројатно не, но мора да направите разлика помеѓу лоша работа и лоши луѓе. Кога ќе објаснувате дека не ви е потребен некој вработен повеќе, фокусирајте се на работата и на деловите кои тој може да ги подобри во неговото работење, но на друго работно место.

Но, како што многу често се случува, ако вештините на работникот не се повеќе релевантни, тогаш е навистина важно да му го покажете излезот со достоинство и љубезност. Вашата способност да го направите тоа, може да го подобри Вашиот статус помеѓу луѓето во бизнисот, и да го подигне Вашиот морал.

Може да го доживеете ова кога треба да отпуштите некој кој се вклопува на сите работни позиции, секогаш прави се што е побарано од него, но тој работел во делот услуга на потрошувачи, а Вашиот бизнис модел се сменил па затоа вие немате од него повеќе потреба. Тогаш најдобро е да одите со него некаде на вечера и да разговарате со него за неговите лични амбиции. Како што тој јасно ќе ги кажува неговите цели и амбиции, вие заедно ќе видите дека неговите амбиции не се совпаѓаат со работното место на кое тој се наоѓа. Тогаш ќе разберете и вие и тој дека ова не е ништо лично, туку е заедничка потреба.

Разговарајте со вработениот кога би сакал тој да си оди. Може да му дадете можност да остане во Вашата компанија додека бара нова работа. Ова може да е ризик, затоа што вработениот би можел да остане со месеци барајќи ново работно место, но верувајте дека добрите вработени ќе најдат работа за многу брзо време, и вие ќе го испратите добронамерно и со добри желби.

Ова нема да влијае лошо врз остатокот од компанијата, туку тие ќе видат дека оние кои добро работат, секогаш се добро третирани, без разлика на ситуацијата. А ова вас ќе ве научи дека понекогаш мора да бидете сурови, но во никој случај не треба да ги поминувате границите и со сите да се однесувате исто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП