26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците ги чека уште поскапување: Речиси сите трговци на мало планираат да...

Германците ги чека уште поскапување: Речиси сите трговци на мало планираат да ги зголемат цените

Германските потрошувачи очекуваат зголемување на цените и во наредните месеци.

Речиси сите трговци на мало со храна и луксузни стоки планираат да ги зголемат цените, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за економски истражувања Ifo.

Tаквите ценовни очекувања се на 98,9 процентни поени, што е едвај помалку од теоретската максимална вредност од 100 поени, изјави во петокот Ifo.

Трговците во другите малопродажни сектори, исто така, најмногу планираат поскапувања и очекувањата на цените се 78,6 процентни поени. „Стапките на инфлација треба да останат високи“, вели експертот на Ifo, Тимо Волмершаузер.

Сепак, постојат и првите индикации дека стапката на инфлација може постепено да опаѓа во текот на годината. „Тоа е затоа што очекувањата за цените во некои сектори на економијата паѓаат два месеци по ред“, објасни Волмерсхајзер.

Станува збор за индустријата каде од 66,7 паднаа на 59,7 поени, градежниот сектор од 56 на 50 и трговијата на големо од 68,1 на 57,4 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП