19 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ цената на дизелот се намалува, бензините остануваат исти

Од полноќ цената на дизелот се намалува, бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 % во однос на одлуката од 29.6.2022 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,50 денара/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува 2,00 денара/л.

Од 2.7.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евуросупер БС-95“ – 109,00 (денари/литар)

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 111,50 (денари/литар)

– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 104,00 (денари/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 103,00 (денари/литар)

– „мазут М-1 НС“ – 53,305 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,573 %, кај дизелот 3,326 %, кај екстра-лесното масло 3,241 % и кај мазутот има зголемување од 1,197 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП