21 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Citroen“ претстави алтернатива на хечбек и кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

„Citroen“ претстави алтернатива на хечбек и кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

„Citroen“ официјално ги претстави брзите кросовери „C4 X“ и „e-C4 X“, кои ќе заземаат позиција помеѓу стандардниот хечбек „C4“ и поголемиот модел „C5 X“ во гамата на оваа француска марка.

Во овој поглед, извршниот директор на „Citroen“, Винсент Коби, ги опиша овие модели како „достапна, одговорна и стилска алтернатива на многу хечбеци и теренци“.

„C4 X“ и „e-C4 X“ се во основа подолги верзии на моделите „C4“ и „e-C4“ кои премиерно беа прикажани во 2020-та година.

Имено, тие го делат истиот дизајн на предниот дел како и нивните компактни браќа и сестри, но имаат стрмна линија на покривот, што доведува до целосно редизајнирана опашка во стилот на фастбек.

Назад се „LED“ светла, уникатна задна врата со интегриран спојлер и поконвенционално задно ветробранско стакло.

Пристапот во стилот на кросовер е задржан, со зголемено растојание од подлогата и пластична облога низ телото.

Поаеродинамична силуета резултираше со подобрен коефициент на отпор од 0,29.

Со должина од 4.600 mm, „C4 X“ е 260 mm подолг од обичниот хечбек „C4“, но го делат истото меѓуоскино растојание од 2.670 mm.

Внатре, контролната табла е иста како и кај „C4“, вклучувајќи централен екран на допир од 10,0 инчи и познатата дигитална инструмент табла.

Сепак, новите модели го добиваат новиот инфозабавен систем „MyCitroen Drive Plus“, кој е претставен во поголемиот „C5 X“, што носи нов интерфејс, подобро препознавање на гласот, повеќе функции за поврзување и надградби преку безжична мрежа.

Целосно електричниот „e-C4 X“ доаѓа со единечен електричен мотор со 100 kW/136 ks и 260 Nm, додека литиум-јонската батерија од 50 kWh со технологија 400 V е доволна за опсег до 360 km и е компатибилна со 100 kW DC полнење.

„Citroen e-C4 X“ забрзува од 0 до 100 km/h за 9,5 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 150 km/h.

„Citroen C4 X“ и „e-C4 X“ ќе се произведуваат во фабриката на „Stellantis“ во Вилаверде во Мадрид. Продажбата ќе започне во текот на есента, но цените сѐ уште не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП