23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната бележи нов инфлациски рекорд

Еврозоната бележи нов инфлациски рекорд

Инфлацијата во еврозоната достигна ново рекордно високо ниво во јуни, непосредно пред првото зголемување на стапката на Европската централна банка (ЕЦБ) во последните 11 години.

Базичната инфлација минатиот месец изнесуваше 8,6% на годишна основа, покажуваат прелиминарните податоци на европската статистичка служба Евростат.

Прелиминарните очекувања беа за инфлација од 8,4 отсто, покажува анкетата на „Reuters“ меѓу економистите. Инфлацијата достигна 8,1% во мај, што значи дека трошоците за живот продолжуваат да растат во еврозоната.

Германија изненади многумина откако претходно во неделата објави пад на месечната инфлација за 0,5 процентни поени. Експертите велат дека ова се должи на новите владини субвенции кои имаат за цел да го олеснат ефектот од повисоките цени на енергијата, а покачувањето на цените сѐ уште не е завршено.

Франција и Шпанија објавија нови рекорди на инфлација во јуни, при што растот на цените во Шпанија надмина 10 отсто за прв пат од 1985-та година, објави „Reuters“.

ЕЦБ, која вети дека ќе се бори против растечките цени, треба да одржи состанок подоцна во месецот, а потоа да објави зголемување на каматните стапки.

Централната банка навести дека повторно ќе ги зголеми стапките во септември, што значи дека нејзината основна стапка може да се врати на позитивна територија оваа година. ЕЦБ одржува негативни каматни стапки од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП