19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ128. ден војна во Украина: „Русите не опкружуваат“; Зеленски: Почнавме; Проектилот погодил...

128. ден војна во Украина: „Русите не опкружуваат“; Зеленски: Почнавме; Проектилот погодил станбена зграда

Руските војници се обидуваат да ги опколат вооружените сили на Украина во областа Лисичанск од југ и запад, соопшти утрово Генералштабот на Украина.

Наведено е дека на страната на Доњецк, руските сили ги насочуваат своите главни напори на опкружување на украинските војници во областа Лисичанса од југ и запад и на воспоставување целосна контрола над регионот Луганск, пренесува Укринформ.

На правците Харков и Славјанск, руските сили ги гранатираат позициите на украинските единици и поединечни населби, соопшти украинскиот Генералштаб.

Се додава дека руските војници ги интензивирале воените операции во правец на Краматорск.

Зеленски: Почнавме

Украина почна да извезува струја во Европската унија (ЕУ) преку Романија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Поминавме важен чекор во нашиот пристап кон ЕУ“, изјави синоќа претседателот на Украина, земјата чија кандидатура за ЕУ ​​минатата недела беше поддржана од европските дваесет и седум држави.

„Киев почна значително да извезува електрична енергија на територијата на ЕУ, во Романија“, рече Зеленски, додавајќи дека тоа е „само првиот чекор“.

Како што рече, Украина се подготвува да ги зголеми испораките, како и дека украинската електрична енергија може да замени значителен дел од рускиот гас што го трошат Европејците.

„За нас не е прашање само приходот од извоз, прашање е безбедноста на цела Европа“, рече Зеленски.

Регионален функционер: Погодена станбена зграда во близина на Одеса, 17 мртви

Руски проектил погоди деветкатна станбена зграда во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса, при што загинаа најмалку 17 лица, а 30 се повредени, соопштија украинските власти.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека околу еден час по полноќ проектил погодил зграда во градот Билгород-Дњестровски, при што, според досегашните информации, се ранети 30 лица.

Портпаролот на регионалната администрација на Одеса, Серхи Брачук, изјави за украинската државна телевизија дека е во тек операција за спасување, бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините.

Друга ракета го погоди одморалиштето при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени повеќе луѓе, рече Брачук.

Ројтерс не може независно да ја потврди оваа информација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП