17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНАТО инвестира една милијарда евра во воено технолошки истражувања

НАТО инвестира една милијарда евра во воено технолошки истражувања

НАТО ќе отвори фонд за иновации со буџет од една милијарда евра за поттикнување на технолошкото истражување за воени цели.

Ова го изјави генералниот секретар на таа организација Јенс Столтенберг на самитот во Мадрид.

Лидерите собрани на самитот на НАТО во Мадрид се согласија да создадат фонд, изјави Столтенберг на последниот ден од состанокот, пренесе Ројтерс.

„Се договоривме да формираме нов фонд за иновации од една милијарда евра“, рече Столтенберг на прес-конференцијата.

Мултинационалниот фонд треба да ги обедини владите, приватниот сектор и академската заедница за да ја зајакне технолошката предност на НАТО, соопшти организацијата, пренесе британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП