19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија забави: Од 8,7 отсто на 8,2 отсто

Инфлацијата во Германија забави: Од 8,7 отсто на 8,2 отсто

Германската инфлација во јуни 2022 година неочекувано падна на 8,2 отсто на годишно ниво од 8,7 отсто во мај, според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени на ЕУ (HICP), покажуваат податоците на германскиот завод за статистика Дестатис.

Според германските национални стандарди, потрошувачките цени на стоките и услугите во јуни биле во просек за 7,6 отсто повисоки од претходната година, во споредба со 7,9 отсто во мај, пренесува порталот Политико.

Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа дека инфлацијата дополнително ќе се забрза до 8,8 отсто во јуни.

Намалувањето на германската инфлација се проценува дека е резултат на даночните олеснувања на гасот, драстично намалените цени на јавниот превоз и малку пониските цени на нафтата во однос на претходните месеци.

Овие показатели ќе бидат добредојдени вести за Европската централна банка (ЕЦБ) во нејзината борба против растот на цените.

Од друга страна, Шпанија и Белгија во средата објавија податоци кои покажуваат натамошен раст на инфлацијата до двоцифрени вредности во двете земји.

Во Шпанија, годишната стапка на инфлација, според ХИЦП, односно приспособена за европските статистички потреби, се искачи на 10 отсто во јуни од 8,5 отсто во мај. Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на енергијата и храната, исто така забрза на 5,5 отсто од 4,9 отсто во претходниот месец.

Во Белгија, првичните проценки за инфлацијата покажаа дека потрошувачките цени се зголемија за 10,5 отсто во јуни од 9,9 отсто во мај, според Европскиот хармонизиран индекс, додека базичната инфлација забрза на 5,1 отсто во јуни од нивото од 4 мај, 4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП