24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP(Hewlett-Packard)ги претстави новите „Z“ работни станици и исто така, го прошири своето...

HP(Hewlett-Packard)ги претстави новите „Z“ работни станици и исто така, го прошири своето „Z“ портфолио на монитори со високи перформанси

HP-Printer-Logo

HP (Hewlett-Packard) ги претстави првите професионални монитори од новaтa „Z“ (Z-Display) група, како и новите основни „Z“ работни станици кои нудат сигурни и флексибилни перформанси по цени слични на персоналните компјутери. Со претставувањето на HP Z22i и Z24i IPS мониторите,HP (Hewlett-Packard) продолжува со поттикнување на иновацијата во динамичните работни средини. Одличната прецизност на сликата и неопходната сигурност кои што ги нудат „Z“ мониторите на HP (Hewlett-Packard) се оптимизираниза користењена „Z“работни станици од HP (Hewlett-Packard). „Z“мониторите (Z Displays)на HP (Hewlett-Packard) се прифатливи за инженери, архитекти, графички дизајнери и фотографи кои имаат потреба од извонредна прецизност на сликата,идеално и во однос на цената. Создадена според наградуваните „Z“ работни станици на HP (Hewlett-Packard), “HP’saward-winning Z seriesofworkstations“, новата работна станица HP Z230 Workstation, која е достапна во голема или мала адаптибилна форма (SFF), е создадена за сложена апликативна работа. Z230 на HP (Hewlett-Packard) е одличен избор за обучени корисници, по прифатлива цена, како и за експерти, инженери и креативни дизајнери кои имаат потреба од голема сигурност и прецизност на сликата. Дизајнерите кои употребуваат апликации како AutodeskAutoCAD и фотографи кои користат Adobe® Photoshop® ќе имаат големи придобивки од новата функционалност на HP Z230. “Нашите клиенти имаат потреба од производи кои се дизајнирани и конструирани за да ги задоволат и најголемите потреби при употребата на компјутери и визуелизација, за кои брендотна HP (Hewlett-Packard) “Z“ стана синоним за исполнување на тие потреби,” изјави Коби Елбаз (KobiElbaz), Потпретседател во Комерцијални Персонални системи, Група печатачи и персонални системи на HP (Hewlett-Packard) за пазарите на EMEA (Европа, Среден Исток и Азија). “Новите работни станици HP Z230 и мониторите “Z Displays“ги исполнуваат овие барања по прифатлива цена и го демонстрираат лидерското место на HP (Hewlett-Packard) во обезбедување на професионални решенија, на сите нивоа.”  

Зголемување на продуктивноста со HP(Hewlett-Packard) “Z“ монитори (Z-Displays) HP Z22i и Z24i IPS Displays нудат извонредна прецизност на сликата, исклучителна прилагодливост и веродостојност за професионална употреба во комерцијални средини. Изработени со 2 панели IPS Gen, HP Z Displays овозможуваат заштеда на енергијата речиси и до 26 проценти во споредба со првата генерација на производи на HP (Hewlett-Packard) со вградена IPS технологија. Новите монитори обезбедуваат одличенопфати покриеност на sRGB – стандардниот спектар на бои за веб (интернет) страните, а за поголемиот број на инженеринг, креативни и професионални апликации со HP Z22i се нуди и до 95 проценти покриеност, додека пак HP Z24i(1) нуди 99 проценти на покриеност на спектарот на бои. Мониторите исто така имаат и поширок агол за гледање на бои споредбено со претходните монитори, докажувајќи ја усовршеноста на тимската работа. HP (Hewlett-Packard) “Z“ мониторите (Z-Displays) се ENERGY STAR® квалификувани и EPEAT® Gold регистрирани. И двата монитори содржат HP (Hewlett-Packard) држач кој се прилагодува на четири начини и се TCO сертифицирани. Исто така HP Z22i го има освоено и TCO CertifiedEdge, достигнување кое ги препознава иновативните производи кои се предводници во дизајнот на држачи со ергономска и еколошка природа, и со оптимална корисничка удобност.

Сигурни перформанси, ефикасност и приспособливост на работните станици по прифатливи цени Дизајнирани за голем обем на работа, 24/7/365,  HP Z230 работните станици испорачуваат нова генерација на процесор и графичка технологија во две редизајнирани шасии: компактна, со можност за проширување и со висок придонес, како и мала,адаптибилна. И двете опции се дизајнирани со можност за проширување и приспособливост. Работната станица HP Z230 има добиено голем број на ISV сертификати за подобрување на перформансите. Малиот формат на работна станица HP Z230  е идеален за средини со ограничен простор, а доколку е потребно, може да им обезбеди флексибилност во надградувањето на компонентите. Опциите за високи перформанси и продуктивност за двата Z230 Tower и SFF ги вклучуваат најновите Intel® Xeon® процесори(2) и графички опции за разделување кои поддржуваат и до шест независни монитори, овозможувајќи одлична и продуктивна работна средина.  

 

Достапност и цена

• Двата HP Z22i и HP Z24i производи се достапни ширум светот од август 2013 година, со почетна цена од 12.350,00 денари(3) и 19.065,00 денари(3), соодветно.

z22

z24

 

•Цената на работните станици HP Z230 имаат почетнацена од54.120,00 денари(3) со quad-core конфигурација и истите се достапен ширум светот од август 2013 година.

z230

 

(1)Претставени се основните спецификации дадени од страна на производителите на HP (Hewlett-Packard) компонентите;вистинските перформанси може да варираат повисоко или пониско.

(2)Multi-Core е дизајниран за подобрувањена перформансите на одредени софтверски производи. Не сите корисници или софтверски апликации нужно имаат корист од оваа технологија. 64-битното работење на Intel® архитектурата има потреба од компјутерски систем со процесор, чип, BIOS, оперативен систем и драјвери за уредите и апликации кои ја овозможуваат Intel® 64 архитектурата. Процесорот нема да биде оперативен (вклучувајќи го и 32-битниот процес) без Intel® 64 архитектуратасо вклучен BIOS.  Перформансите ќе варираат во зависност од вашите хардверски и софтверски конфигурации.

(3)Препорачана цена без вклучен ДДВ  

AdobePhotoshopе заштитна марка на AdobeSystemsIncorporated. ENERGY STAR е регистрирана трговска марка во сопственост на Владата на САД.Intel иXeonсе заштитени марки наIntelCorporationво САД и други држави.  

  За HP (Hewlett-Packard) HP (Hewlett-Packard) создава нови можности со кои технологијата има влијание на луѓето, компаниите, институциите и општествата. Како најголема светска технолошка компанија, портфолиото на HP (Hewlett-Packard) опфаќа печатари, персонални компјутери, софтвер, услуги и ИТ инфраструктура со кои ги решаваме проблемите нашите корисници. Повеќе информации за нашата компанија (NYSE: HPQ) се достапни на http://www.hp.com

© 2013Hewlett-PackardDevelopmentCompany, L.P. Информациите содржани во ова соопштение се предмет на промени без претходна најава. Единствената гаранција за производите и услугите на HP (Hewlett-Packard) е утврдена во изјава која е дел од производот и услугата. Ништо од горенаведеното не треба да се толкува како дополнителна гаранција. HP (Hewlett-Packard) не одговара за технички или уреднички грешки ниту за пропусти содржани во овој документ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП