27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ја подобри конкуреноста

Македонија ја подобри конкуреноста

wef1

Македонија е на 73. место на листата за конкурентност во најновиот извештај на Светскиот економски форум, искачувајќи се за седум места од минатата година кога беше рангирана на 80-та позиција.

Од земјите во регионот Бугарија е на 57 место, Словенија 62., Црна Гора на 67., Хрватска на 75., БиХ на 87., Грција на 91., Албанија на 95. и Србија на 101-та позиција.

Според извештајот, најконкурентна од 148. земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, Финска и Германија. Во првите 10 се и Шведска, Хонг Конг, Холандија, Јапонија и Велика Британија.

Во Извештајот Светскиот економски форум, конкуретноста се дефинира како збир на институции, политики и фактори кои го одредуваат нивото на продуктивност на некоја земја, а ги содржи и резултатите на анкетата меѓу бизнис заедницата за ефикасноста на владата и транспареноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП