20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната ќе влезе во рецесија во последниот квартал

Еврозоната ќе влезе во рецесија во последниот квартал

Економистите од американската банка „Morgan Stanley“ веќе очекуваат дека еврозоната ќе западне во блага рецесија во четвртиот квартал од оваа година во позадина на намалените резерви на енергија од Русија, пренесува „Bloomberg“.

Во извештајот објавен во средата, економистите на банката, вклучително и Јенс Ајзеншмит, напишаа дека економијата ќе се намалува два квартали пред да продолжи со растот во вториот квартал на следната година благодарение на зголемените инвестиции.

Економистите ја променија својата прогноза поради веројатноста за намалување на испораките на руски природен гас во Европа и влошување на расположението меѓу потрошувачите и бизнисите, заедно со забрзување на инфлацијата.

„Ризиците за иднината се зголемени“, напишаа Ајзеншмит и неговите колеги.

И покрај забавувањето, економистите посочуваат дека со ваква висока инфлација, сепак очекуваат Европската централна банка на секое собрание оваа година да ги зголеми каматните стапки на депозитите на 0,75% во декември. Сепак, тие забележуваат дека зголемувањата може да престанат по септември доколку се влошат изгледите.

Минатата недела, две други големи банки, „Deutsche Bank“ и „Citigroup“, издадоа предупредувања за 50 отсто шанси за глобална рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП